Шкупи и Вардар одиграа жесток дуел на Чаир, а на крајот славеа домаќините со 3-0. Дербито го решија децата на Вардар кои сега го носат дресот на Шкупи. Бесар Гуџуфи во 33.минута донесе предност за Шкупи, а Џемал Ибиши во 55.минута од пенал зголеми на 2-0 и го одлучи победникот. Во финишот Шкупи постигна и трет гол преку Ел Хаџи Гуеје.
Шампионот Струга Трим Лум дојде на гости на арената „Тодор Проески“ на дуел со Работнички и го доживеа првиот пораз, 2-0. Тимот на Ќатип Османи се сопна за првпат во новата сезона. Марселин Гандо Биала во 26.минута постигна прекрасен гол од далечина, а Дин Аломеровиќ погоди од слободен удар во 40.минута за 2-0.
Пелистер го победи Силекс со 1-0 на стадионот „Петар Милошевски“. Мирко Ивановски го постигна првиот гол во дресот на Пелистер по враќањето во Битола.
Беса во Гостивар го пречека Тиквеш и славеше со 1-0. Адмир Љатифи е стрелец на победничкиот гол во 80.минута.
Воска Спорт во Охрид беше домаќин на Гостивар. Гостите ги освоија трите бода со триумф од 0-2. Машике во 30.минута донесе предност за Гостивар, а Марко Симоновски во 87.минута ја потврди победата на гостиварци.
Во Струмица вечерва се игра последниот меч од третото коло. Од 20 часот, Брера ја пречекува Шкендија.
ПРВА ЛИГА, 3.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКУПИ – ВАРДАР 3-0
РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ 2-0
ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС 1-0
ВОСКА СПОРТ – ГОСТИВАР 0-2
БЕСА – ТИКВЕШ 1-0
БРЕРА – ШКЕНДИЈА (20 ЧАСОТ)
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













