Македонскиот фудбалски првак Струга Трим Лум оствари убедлив триумф (1-4) против Вардар во Скопје, но дуелот на Арената „Тодор Проески“ беше одбележан и со инцидентот што се случи на трибините.
Струга ТЛ испрати соопштение до јавноста во кое истакна дека раководството на клубот било нападнато од претставници на Вардар и поради тоа бараат најтрофејниот клуб да го осуди овој чин, а надлежните органи да ја расчистат целата ситуација.
„Нема место за насилство во фудбалот. Денеска бевме сведоци на обид за напад на челниците на нашиот клуб од страна на претставници на противничкиот клуб. Најостро го осудуваме обидот за насилство врз челниците на нашиот клуб од страна на претставници на противничката екипа на денешниот натпревар. Ваквите постапки се целосно неприфатливи и немаат место во фудбалот или во кој било аспект од животот.
Нашиот клуб е посветен на вредностите на почит и спортски дух и ги повикуваме надлежните органи да преземат итна акција за решвање на овој сериозен инцидент. Го повикуваме раководството на екипата на Вардар да го осуди однесувањето на претставниците на клубот“, стои во соопштението на Струга.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













