Connect with us

Струга ТЛ на поправен испит против Брера, Шкендија го пречекува Пелистер, Работнички на гости кај Беса

Шампионот Струга Трим Лум по поразот од Работнички во минатото коло сака да се врати на победничките патеки. Денеска крај езерото ќе гостува тимот на Брера, кој исто така е во лош момент.


Капитенот на Струга ТЛ, Буњамин Шабани, верува дека денешното издание ќе биде многу подобро.

„Ова е важен натпревар за нас. Мора да признаеме дека играме против квалитетен тим, но по поразот во последното коло против Работнички, се подготвивме максимално и ќе направиме сѐ што е можно за да се вратиме на победничките патеки. Тимот има сила и квалитет. Едноставно ни треба време за да го покажеме најдоброто пред публиката. Мислам дека од натпревар во натпревар, формата на тимот ќе се крева и ќе ги убедиме сите дека не случајно го носиме епитетот на шампиони“, изјави Буњамин Шабани.

Шкендија на домашен терен го пречекува Пелистер, а Работнички оди на гости кај Беса во Гостивар.

„Сакаме да продолжиме во досегашниот ритам, да го задржиме победничкиот чекор. Нѐ очекува тежок натпревар, Беса е нов прволигаш и кај нив сигурно има големи мотиви за надигрување, но ние сме подготвени за предизвикот. Доколку ги повториме игрите од минатите натпревари, се надеваме дека ќе успееме да оствариме нов позитивен резултат“, изјави фудбалерот од средниот ред на Работнички, Шафик Кагиму.

Тиквеш во Кавадарци го пречекува составот на Гостивар, а Вардар на арената „Тодор Проески“ е домаќин на Воска Спорт.

Во Кратово, Силекс ќе се сретне со Шкупи.

Сите натпревари се играат денеска, со почеток во 16 часот.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 4. КОЛО (ДЕНЕСКА, 16 ЧАСОТ)
ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – БРЕРА
БЕСА – РАБОТНИЧКИ
ВАРДАР – ВОСКА СПОРТ
СИЛЕКС – ШКУПИ
ТИКВЕШ – ГОСТИВАР

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови