Шампионот Струга Трим Лум му гостува на Вардар на комплексот на ФФМ во 16.коло од Првата фудбалска лига. Тимот на Шпетим Дуро ќе биде без најдобриот стрелец Бесарт Ибраими поради жолти картони, но и покрај тоа стружани се надеваат на трите бода.
„Ние се подготвивме максимално за овие преостанати натпревари, почнувајќи од натпреварот против Вардар. Нема да биде лесен натпревар, но нема да грешиме и ќе дадеме сѐ од себе да оствариме победа на натпреварот, затоа што секој друг резултат ќе биде како да сме изгубиле“, изјави искусниот фудбалер од средниот ред, Буњамин Шабани.
Шкупи ќе му гостува на Гостивар на стадионот „Младост“ во Струмица, а само стотина метри подалеку на својот стадион Брера ќе го пречека составот на Бреганица.
Во Тетово, Шкендија ќе биде домаќин на Работнички. Фудбалерот од средниот ред, Димитар Тодоровски, вели дека „романтичарите“ доаѓаат по бодови на овој дуел.
„Првенството влезе во забрзан ритам во пресрет на крајот на оваа полусезона. Следно искушение е Шкендија, квалитетен тим кој посебно добро игра на домашен терен во Тетово, но ние покажавме дека можеме да се надигруваме со нив на претходните дуели оваа сезона. Со максимално залагање и сериозен пристап, верувам дека можеме да ја исполниме целта и да освоиме бодови во Тетово“, изјави Димитар Тодоровски.
Во Охрид, Воска ќе се сретне со Тиквеш.
Сите натпревари од Првата фудбалска лига почнуваат од 13 часот.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 16.КОЛО (денеска, 13 часот)
ВАРДАР – СТРУГА ТЛ
ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ
ГОСТИВАР – ШКУПИ
ВОСКА – ТИКВЕШ
МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС
БРЕРА – БРЕГАЛНИЦА
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













