Струга ТЛ има многу помоќен тим од лани. Сега Срѓан Захариевски ги има на располагање и Бесарт Ибраими, Фатјон Јусуфи, Енис Гавазај, па амбициите се поголеми, во пресрет на почетокот на новата сезона во Првата лига.
На отворањето на новиот шампионат, Струга ТЛ крај езерото ја пречекува Победа, денеска во 17.30 часот, а тренерот Срѓан Захариевски очекува – победа.
„Подготовките поминаа во најдобар ред. Играчите ги одработија тренинзите максимално, посветено и ангажирано. Новите играчи полека се вклопуват во системот и задачите што се бараат од нив и таа свежа крв што ни беше неопходна во клубот ни ги зголемува апетитите, па се надеваме на подобри резултати од минататa сезона. Што се однесува до денешниот натпревар, посакувам новата сезона да ја почнеме со победа, која ќе ни го отвори патот до остварување на нашите цели”, вели Захариевски.
Победа е повратник во елитата, а тренерот Бобан Бабунски и фудбалерите сигурно имаат огромен мотив да не загубат на стартот. Тоа секако ќе придонесе за убава фудбалска претстава во Струга.
ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА, ПРВО КОЛО
СТРУГА ТЛ – ПОБЕДА (денеска, 17.30 ч.)
СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ (утре, 17.30 ч.)
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – БРЕГАЛНИЦА
ШКЕНДИЈА – СКОПЈЕ (17 август, 17 ч.)
ТИКВЕШ – ШКУПИ (7 септември, 16 ч.)
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













