Connect with us

Струга ТЛ и Шкупи во дерби пресметка: Овие три бода многу значат за титулата

Езерото се бранува денеска значително повеќе во регионот на Струга каде ќе гостува Шкупи во дерби дуелот на 20.коло во Првата фудбалска лига. Трката за титулата веројатно ќе продолжи до крајот на сезоната, но јасно е дека денешната пресметка е многу важна и за двата тима.


По ремито на Струга ТЛ (0-0) против Работнички во Скопје, Шкупи се искачи на врвот со еден бод предност во однос на актуелниот првак. Стружани денеска имаат можност да ја вратат првата позиција, доколку успеат да слават против составот од Чаир.

„Поминав 4,5 години во Шкупи, но сега сум член на Струга ТЛ и се разбира дека посакувам триумф на мојот тим. Респект за чаирчани, тие се квалитетен тим, но ние сме шампиони и одиме на победа. Ние сме домаќини, ќе ја имаме поддршката од фановите, но, сепак, дуелот ќе се решава на теренот. Мора да одиграме максимално посветено, најдобро што можеме, затоа што само така можеме да се надеваме на триумф и три бода“, изјави Бесарт Кривањева, дефанзивецот на Струга ТЛ кој во минатото долги години го носеше дресот на Шкупи.

Тимот од Чаир најавува победа во Струга. Крилниот напаѓач Арби Воша вели дека Шкупи е подготвен да освои три бода на денешното дерби.

„Нè очекува многу тежок натпревар. Струга е многу добар тим, но веќе не ги криеме амбициите дека на крајот сакаме да бидеме прогласени за шампиони. За овој натпревар се подготвивме максимално, во тимот има многу добра атмосфера, сите сме како големо семејство и работиме напорно. Во сите натпревари влегуваме како да се дерби, но не криеме дека дојдовме во Струга со една дел, да победиме. Цврсто веруваме дека на Чаир ќе се вратиме со три бода“, изјави Воша.

Останатите натпревари од 20.коло се играат утре.

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови