
Офанзивниот играч од средниот ред, Меметриза Хамза, е првото засилување за актуелниот шампион Струга Трим Лум пред пролетниот дел од сезоната. Тој денес пристигна во Струга каде што беше претставен од спортскиот директор Бесарт Исаку.
20-годишниот играч доаѓа во Струга ТЛ од второлигашот Башкими, а своите први фудбалски чекори ги направи во академијата на Шкендија од Тетово. Таму дебитираше во Првата лига во 2023 година, кога имаше само 19 години, а потоа кариерата ја продолжи како позајмен играч во Беса.
Со тимот на Беса, Меметриза Хамза испиша историја, освојувајќи ја титулата шампион во Втората лига и обезбедувајќи место меѓу најдобрите екипи во домашниот фудбал. Во летото 2024 година тој прејде во Башкими, каде што имаше одлична полусезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
