
Македонскиот шампион Струга Трим Лум направи уште еден подвиг, го елиминира Есперанж од Луксембург и се пласира во плеј-офот за групна фаза во Конференциската лига. Таму за противник ќе го има Брејдаблик од Исланд кој е елиминиран од Зрињски.
Струга ТЛ во Луксембург вечерва загуби со 2-1, но сепак ја сочува предноста (1-3) од првиот меч во Скопје.
Марјан Радески во 15.минута доби црвен картон, Струга ТЛ остана со играч помалку.
Само две минути подоцна, Бесарт Ибраими во 17.минута со удар со глава успеа да ја затресе противничката мрежа. Есперанж тргна фуриозно во второто полувреме, затоа што веќе немаше што да загуби.
Во 70.минута Густаво постигна израмнувачки погодок, а Ладо Акалаја во судиското продолжение постигна уште еден погодок. Сепак, Струга ТЛ беше подобра за еден гол во двомечот со Есперанж.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливерпул без Алексис Мекалистер против Њукасл
