
Столе Димитриевски и Рајо Валјекано отидоа на гости кај Барса и загубија убедливо со 3-0. Роберт Левандовски уште во третата минута ја погоди мрежата на Димитриевски, а во вториот дел два гола постигна и Педри.
Вилјареал и Реал Мадрид одиграа епски натпревар на „Естадио де ла Керамика“ (4-4), а херој на „жолтата подморница“ беше Александер Сорлот кој постигна четири гола. Вилјареал се врати од негатива од 1-4 на овој меч. Арда Ѓулер со два гола, Хоселу и Лукас Васкез обезбедија голема предност за „кралевите“, меѓутоа Сорлот беше фантастичен и го донесе својот меч до реми, 4-4.
Џирона ја совлада Валенсија на гости со 1-3, а Осасуна убедливо го порази Атлетико Мадрид на гостински терен со 1-4. Атлетик Билбао ја совлада Севилја со 2-0, а Реал Сосиедад победи на гости кај Бетис со 0-2.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
