Голманот Столе Димитриевски е репрезентативецот што има проблеми со „претпоставен позитивен резултат“ на коронавирусот и сместен е во изолација во хотелот во Талин. Нема да биде на располагање на селекторот Игор Ангеловски за вечерашниот натпревар. Во изолација се уште еден член на стручниот штаб и лице од техничката служба.
Фудбалската федерација на Македонија објави дека тројца членови од македонската А репрезентација, еден фудбалер, член на стручниот штаб и лице од техничката служба, денеска добија “претпоставени позитивни резултати” (означен назив на тестовите) на последното тестирање за присуство на вирусот Ковид-19, извршено по пристигнувањето на нашата репрезентација во Талин за натпреварот меѓу Естонија и Македонија од Лига на нации.
Димитриевски требаше да биде стартер на мечот против Естонците, но сега планот на Ангеловски се менува и на голот би требало да застане Дамјан Шишковски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













