
Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ, потврди дека ги планира претстојните квалификации за Европското првенство во 2024 година и демантираше дека неговата иднина на клупата на тимот е неизвесна.
„Им честитам на Швајцарците за заслужената победа. Сигурно не сме задоволни од резултатот, што е нормално, но со оглед на проблемите што ги имавме од доаѓањето на СП, земајќи ја предвид физичката подготвеност, поточно повредите на клучните играчи… Направивме се за да ги вратиме, да бидеме на услуга на тимот, но тоа ни беше голем проблем. Момците дадоа колку што можеа, дадоа се од себе, но за ова ниво на натпреварување тоа не е доволно. Но, има легитимни причини зошто е тоа така и не можам да барам повеќе од нив“, изјави селекторот на Србија.
Следното прашање беше дали селекторот ќе остане на својата функција и кои се идните планови?
„Во март веќе ги почнуваме квалификациите за ЕП и имаме голема желба да се пласираме на тој турнир по 24 години. Секако дека ќе бидам многу посреќен доколку моите играчи се здрави и во добра форма“, истакна Пикси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тренерот на Болоња заврши во болница

Евро-фудбал
Шон Дајш е новиот менаџер на Нотингам Форест

Евро-фудбал
Де ла Фуенте: Јас сум како Роки Балбоа

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го освои „Енфилд“ (ВИДЕО)
