Академија Пандев загуби убедливо (4-1) од Лехија Гдањск во првиот меч од воведното квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА и ќе има тешка задача да го надомести тоа на реваншот. Тренерот Ѓорѓе Стојчев жали за нереализираните шанси на својот тим, но и признава дека ривалот покажал многу повеќе.
„Не можам да бидам задоволен од резултатот. Лехија потврди дека е квалитетен тим, а ние ќе треба да бидеме многу подобри на реваншот за да го подобриме впечатокот. Имавме неколку неискористени шанси на овој меч и жалиме поради тоа. Мора да работиме напорно за да ги исправиме грешките“ изјави Ѓорѓе Стојчев.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













