Connect with us

Стојанов: Голманот Николоски е репрезентативен калибар

Беласица на одличен начин го стартуваше третиот круг од шампионатот во Втората лига Исток и има амбиции за враќање во елитата. Тренерот Александар Стојанов има пофалби за младиот тим, но еден играч посебно истакнува, голманот Иван Николоски.


„Покрај сите, од прв до последен, заслужни за ова што го прави Беласица оваа сезона, најголемите пофалби одат за играчите кои се злато вредни, а еден од таа млада гарда оваа сезона кој што има голем удел во резултатите на Беласица е и голманот Иван Николоски. Чест и задоволство е да се работи со такво дете и таков професионалец, доколку продолжи вака да работи му претстои светла иднина, а од тоа бенефит би имал македонскиот фудбал. Заслужува да биде дел од поширокиот список во селекцијата до 21 година…Има неверојатна статистика која трае уште од првата полусезона, а оваа статистика треба да се поддржи“, вели тренерот на Беласица.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови