Македонскиот второлигаш Охрид во пролетниот дел од сезоната ќе биде посилен за Стојанче Велинов. Офанзивецот кој има прволигашко искуство доаѓа од Брегалница и треба да биде големо засилување за охриѓани во обидот да обезбедат опстанок. Тој неколку дена веќе тренира со составот на Охрид.
„Имав неколку понуди од екипи од нашата земја, но проектот на Охрид многу ми се допадна и прифатив да бидам дел од клубот. Свесен сум за ситуацијата во која се наоѓа екипата и се надевам дека ќе му помогнам да стигне до опстанокот“ – изјави најновото засилување на Охрид.
Охридскиот второлигаш претходно се засили со Раиф Мирселоски, Бурхан Алији, Шериф Реџепи, Дарко Симјаноски и со Александар Василев.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Левандовски од лето се сели во МЛС – лигата?
Евро-фудбал
Чави ќе го замени Мареска на клупата на Челси?
Млади репрезентации
Македонија У15 со минимален пораз од Турција на возвратниот натпревар













