Connect with us

Стивен Џерард на клупата на ПСЖ?

Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард, би можел да направи сензационален кам-бек како тренер, и тоа на клупата на Пари Сен Жермен. Шкотски „Дејли експрес спорт“ открива дека поранешниот менаџер на Глазгов Ренџерс и на Астон Вила разговарал со раководството на парижаните за таква можност. „Светците“ сѐ повеќе се разочаруваат од сегашниот тренер Кристоф Галтие.


Шампионот на Франција има пет бода предност на врвот на табелата во Лига 1, но доживеа елиминација од Купот на Франција од Олимпик Марсеј. Потоа следеше пораз од 0-1 од Баерн Минхен на „Паркот на принцовите“ во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите минатата недела.

Галтие е под голем притисок, а нов тежок удар му зададе и повредата на бразилската суперѕвезда Нејмар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови