
Саудискиот клуб Ал-Етифак би можел да го доведе славниот шпански голман Давид Де Хеа, кој од летото е без клуб, објави британски „Сан“. Во трката би можеле да се приклучат и други саудиски клубови доколку Ал-Етифак не ги исполни барањата на искусниот голман. Тренер на Ал-Етифак е легендарниот англиски фудбалер Стивен Џерард.
Де Хеа, кој одигра 45 натпревари за шпанската репрезентација и минатата сезона беше прогласен за најдобар голман во Премиер – лигата, е без клуб откако не успеа да се договори за продолжување на договорот со Манчестер Јунајтед.
За англискиот гигант одигра 545 натпревари, а на 190 од нив беше без примен гол.
Според англиските и шпанските медиуми, неодамна Ал-Наср на Давид де Хеа му понудил два милиони евра месечно за потпишување на договор, но тој ја одбил понудата. Можеби поради интересот што за него го покажа Интер Мајами.
Освен од Саудиска Арабија и од МЛС-лигата, Де Хеа наводно има уште неколку опции. Се споменуваат Атлетико Мадрид, Валенсија и Бетис, како и можен влез во шпанскиот второлигаш Елденсе. Де Хеа деновиве се распрашуваше за потенцијалното купување на тој клуб.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Серхио Бускетс става крај на кариерата

Евро-фудбал
Интер се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
