Connect with us

Стерлинг: Имав страв кога играв за Англија

Герет Саутгејт дефинитивно падна во немилост кај јавноста по ужасниот настап на Англија во Лигата на нации и нивното испаѓање од елитната лига. Стерлинг имаше слични чувства на ЕВРО 2018, кога почувствувал страв да игра за својата земја.


„Се сеќавам кога бев со репрезентацијата, на почетокот, кога првпат влегов во составот, тоа беше навистина неверојатен момент, но имаше и период кога ме обзеде страв. Мислам дека беше на ЕВРО 2018 против Шпанија кога постигнав гол. Ментално бев добро, без разлика дали играв лошо или добро, морав да се фокусирам на себе и да не обрнувам внимание на она што го зборуваат другите. Што и да се случи, без разлика дали е добро или лошо, мора да останете фокусирани и да не ја слушате вревата на другите“, изјави Рахим Стерлинг.

Од своето деби за гордиот Албион во 2012 година, Стерлинг одигра 78 натпревари, со ефект од 19 гола и 25 асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови