
Стефан Ристовски, поранешниот капитен на македонската репрезентација, според информациите од хрватските медиуми, е на чекор до потпишување на договор со Сараево.
Искусниот 33-годишен десен бек не го продолжи договорот со Динамо по крајот на минатата сезона, каде што настапуваше четири години откако пристигна од Спортинг Лисабон. Иако имаше интерес од неколку европски клубови, најреална опција во моментов е трансфер во босанскиот прволигаш од Кошево.
Ристовски веќе постигнал договор со раководството на Сараево, и сега се чека само официјална потврда на трансферот. Клучна улога во целата работа одиграл тренерот Зоран Зекиќ, кој успеал да го убеди македонскиот репрезентативец да ја продолжи кариерата во БиХ.
Ристовски, кој моментално се очекува да се приклучи на подготовките на тимот во Словенија, е дете на Вардар, а уште како младинец замина во Парма. Во Италија беше дел од неколку екипи преку позајмици, меѓу кои Кротоне, Фросиноне, Бари, Латина и Специја. На пошироката јавност ѝ стана познат по настапите за Ријека, од каде направи трансфер во Спортинг. Во Динамо Загреб пристигна во летото 2021 година.
За Динамо одигра вкупно 185 натпревари, постигна седум голови и забележа 19 асистенции.
Во дресот на репрезентацијата на Македонија има 81 настап и два постигнати гола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
