
Стартува уште една сезона од македонскиот прволигашки фудбал. Без многу поместувања во однос на претходната сезона, без драматични трансфери и без дополнителни финансиски освежувања за клубовите не чека 28-та сезона од Првата македонска фудбалска лига. Па во таа насока, и без веројатност за некои значителни изненадувања во трката за шампионската трка во која се издвојува Шкендија. Се останато под знакот на сериозна неизвесност…
Без разлика на катастрофалното европско лето, без разлика и на скромното подновување на составот од кое единствено се издвојува ангажманот на Бразилецот Хуан Фелипе па и без разлика на останувањето без репрезентативецот Висар Муслиу, Шкендија повторно е кандидат број еден за освојување на шампионската круна.
И, ако впуштајќи се во проценки, лесно е да се издвои Шкендија како фаворит за титулата, тогаш сериозно неизвесен простор се остава околу битката за двете позиции кои водат на европската сцена. Вардар, кој доби забрана за трансфери во два преодни рока, останува кандидат за првите четири позиции пред се и поради фактот дека го очекува сезона без некој притисок, но и поради фактот за скромниот пазар на конкурентите.
Ако се суди според новите имиња во клубот, тим кој се очекува да изненади и да биде сериозна конкуренција за водечките две позиции е Работнички. Под водство на новиот тренер Александар Влахо, „романтичарите“ и сериозно го променија составот со неколку звучни имиња, па останува заедно со Академија Пандев и Шкупи да водат битка за европски излез.
Академија Пандев главно си го зачува составот од минатата сезона, сега со дополнителна можност за помладите, па повторно е кандидат за највисок пласман. Засилени и со офанзивецот Рајковиќ од Силекс и дефанзивецот Маслаќ од Беласица, „пандевци“ повторно атакуваат на местата кои водат на европската сцена и следната сезона.
Изненадување сезонава се очекува да биде екипата на Струга Трим Лум. Новиот прволигаш креираше состав за почит кој, се чини, може да изненади секого. Најзвучни засилувања за стружани се двајцата офанзивци Емран Рамадани и Христијан Кировски.
Струга Трим Лум е границата меѓу клубовите кои ќе се борат за највисок пласман и оние кои ќе бијат битка за опстанок. Иако, минатата сезона покажа дека таа граница речиси и да не постои. Голема е веројатноста така да биде и оваа сезона во која со нова желба за прволигашки опстанок остануваат Силекс, Македонија ЃП, Ренова како и новиот прволигаш Борец.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
