Старт на пролетта – вторпат. Снегот се стопи, терените сега се подготвени за игра, па се очекува уште веднаш да се вжешти трката за шампионската титула.
Шкупи во првото пролетно коло гостува во Велес, засилен со неколку нови фудбалери и со нов шеф на стручниот штаб, Хасан Озер. Борец е раздрман, во трансформација, иако важеше за еден од најсилните домаќини.
Капитенот Бесар Исени вели дека тимот од Чаир ќе ги напаѓа трите бода.
„Новите засилувања одлично се вклопија, но сепак е потребно време за да се воиграме подобро. Сепак, ние се надеваме дека пролетта ќе ја стартуваме со победа. Ние ќе се трудиме да бидеме до крајот во трката за титулата“, вели Исени.
Шкендија е на лидерската позиција, но мора со победи да ја чува затоа што Шкупи и Македонија ЃП демнат од позадина. Тимот на Ернест Ѓока го напаѓа Кратово и сака триумф против Силекс на стартот.
Струга Трим Лум ја пречекува Македонија ЃП, а Ренова е домаќин на Беласица.
Во првиот и единствен меч кој е одигран во 19.коло, Работнички минатата сабота го совлада тимот на Академија Пандев во Струмица со 0-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













