Почнуваат и второлигашките возбудувања. Битола посакува елитен фудбал и тоа е мисијата на новиот тренер Влатко Костов и фудбалерите на Пелистер. На стартот тие ќе гостуваат во Струмица и ќе играат против Беласица, со надеж за добар старт.
Беса, со оглед на неколку сериозни засилувања кои дојдоа во тимот од Добри Дол ова лето, е можеби и најголемиот кандидат за промоција во елитата.
Се засили и Тетекс, а тука се и Каменица Саса, Детонит Плачковица и Кожуф како тимови кои можат да се вмешаат во борбата за врвот.
Башкими е повторно во Втората лига, исто како и Новаци, секако дека Охрид се очекува да игра значајна улога, а брендови како Победа и Осогово даваат дополнителна тежина на второлигашкото друштво.
ДВОЈКИ ВТОРА МФЛ – 1.КОЛО (денеска, 17 часот)
БЕЛАСИЦА – ПЕЛИСТЕР
БАШКИМИ – ОХРИД
ПОБЕДА – ТЕТЕКС
ОСОГОВО – БЕСА
НОВАЦИ – АРСИМИ
САСА – СКОПЈЕ
ДЕТОНИТ – ВАРДАР (Н)
КОЖУВ – КАРАОРМАН
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski