
Поранешниот португалски селектор Фернандо Сантош е именуван за нов селектор на фудбалската репрезентација на Полска. Претседателот на Полската фудбалска асоцијација, Цезари Кулежа, направи голем лапсус, го погреши името на новиот селектор.
„Изборот беше тежок, но го избравме најдоброто. Наша прва цел е да се пласираме на ЕП. Не сакавме селектор кој ќе учи од нашата репрезентација, пресудно беше искуството, харизмата и работата. Но, пред се, го доведовме човекот што зад себе има резултати. Ова е Фелипе Сантос“, изјави Кулежа.
Така, Кулежа го прекрсти Фернандо како Фелипе. Фернандо Сантош беше на чело на Португалија од 2014 година до неговата оставка минатиот месец по шокантниот пораз од Мароко во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.
„Од денес сум Полјак. Јас сум еден од вас, чест ми е да ја продолжам мојата тренерска работа овде“, изјави Сантош.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Флоријан Вирц е блиску до потпис со Ливерпул

Евро-фудбал
Рафиња останува во Барселона до 2028 година
