
Стадионот во Неапол отсега и официјално ќе го носи името „Диего Армандо Марадона“. Градот на кој легендарниот Аргентинец му донесе две титули во Серија А како и трофеј во Купот на УЕФА, донесе одлука со која вечно ќе се споменува неговото име на секој натпревар на Наполи.
Марадона седум сезони го носеше дресот на „наполитанците“ и изгради нераскинлива врска со фановите во овој италијански град. Тој почина на 60-годишна возраст, а неговата смрт го шокираше целиот свет. Посебно емотивно сето тоа беше доживеано во неговата родна Аргентина и токму во Неапол.
Отсега македонскиот репрезентативец Елиф Елмас секој натпревар на домашен терен во дресот на Наполи ќе го игра на стадионот „Диего Армандо Марадона“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal