Новиот предлог на Комисијата за заразни болести до кризниот штаб на Владата предвидува да се врати публиката на фудбалските стадионите. Тие првично ќе имаат услов да не биде надмината бројката од 30% од вкупниот капацитет.
„Спортските натпревари кои се играат на отворени терени да се играат со публика, но со максимална исполнетост од 30% од капацитетот на стадионот“, истакна министерот за здравство, Венко Филипче.
Уште синоќа владата донесе експресна мерка дека се дозволува присуство на гледачи (30% од капацитетот на Националната арена во Скопје) за пријателскиот натпревар на фудбалската репрезентација на Македонија на мечот против Словенија на 1 јуни.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













