Фудбалската репрезентација на Мароко победи во хаотичен натпревар на Олимписките игри против Аргентина со 2-1. Мароко поведе во последните моменти од првиот дел со гол на играчот за врска на Генк, Билал Ел Кануос, а во 51. минута Суфијан Рахими реализираше пенал за 2-0.
Во 68. минута, Џулијано Симеоне, младиот напаѓач на Атлетико Мадрид и син на тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, намали на 2-1. Натпреварот беше одбележан со инциденти.
Судијата го продолжи натпреварот за 15 минути поради постојано оддолжување на мароканските играчи и влегувања на навивачи на теренот. Во 16-тата минута од судиското надополнување, кога Аргентина постигна гол за израмнување, следуваше хаос.
➤ Minute 51. Argentina 0-2 Morocco.
— Mezcal Vibes (@FPL_Mezcal) July 24, 2024
➤ Minute 68. Argentina 1-2 Morocco.
➤ Fan invasions and constant waste of time.
➤ The central referee decided to add 15 minutes.
➤ Minute 90+16. Argentina 2-2 Morocco.
➤ After the Argentine goal, there were fan invasions and projectiles… pic.twitter.com/9LdiLGKpsz
На теренот беа фрлени бројни чаши и шишиња, како и други предмети, а потоа и факели меѓу Аргентинците кои славеа на трибините. Потоа неколку навивачи на Мароко влегоа на теренот, а обезбедувањето ги исфрли.
На теренот влезе и полицијата за да ги заштити Аргентинците. Судијата Глен Ниберг ги повика играчите веднаш да заминат во соблекувалната, а на големиот екран на стадионот во Сент-Етјен пишуваше: „Натпреварот е завршен, ве молиме, одете до најблискиот излез.“
По евакуацијата на стадионот, судиите во ВАР собата го прегледаа голот на Аргентина и го поништија. Натпреварот по два часа прекин продолжи и беше завршен. Аргентинците и Мароканците одиграа уште три минути и Мароко на крајот победи со 2-1.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski