ГОЛЕМ СРАМ во Тетово пред почетокот на натпреварот меѓу Шкендија и АП Брера во 25. коло од Првата македонска фудбалска лига.
На сите натпревари од ова коло имаше минута молк во чест на 59-те жртви од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Но во Тетово, навивачите на домашниот тим, ако така и може да се наречат, не го почитуваа овој момент, бидејќи продолжија да навиваат и пејат за време на минутата молк.
Тие пееја песна за УЧК додека требаше да се оддаде почит за човечки животи. Ова заслужува драстична казна за организаторот, клубот Шкендија, а треба да се занимаваат и полициските органи, можеби да бидат препознаени сите оние кои беа на трибината на стадионот во Тетово и да одговараат за својата непочит.
За Шкендија сигурно треба да има казна, и тоа драстична, затоа што не може да ги контролира сопствените навивачи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













