
Воска направи огромен скандал и го напишти теренот во Охрид во 75.минута, на барање на тренерот кој ја повлече екипата, незадоволен од судењето. Ова е огромен срам за дебитантот во лигата, на кој очигледно и не му е место во елитата. Клинтон Осеи го доведе домаќинот во водство во 17.минута, а Вардар израмни со голот на Филип Дурански. Тој шутираше, топката од гредата заврши зад гол-линијата, а Воска одлучи ДА НЕ ГО ДОИГРА НАТПРЕВАРОТ.

Лидерот Шкендија успеа да слави на гости кај Беса во Гостивар со 2-3 и направи уште еден чекор напред кон освојување на шампионската титула. Бесарт Ибраими од пенал, Фабрис Тамба и Зија Мерџани беа стрелци за Шкендија, а Ремзифаик Селмани двапати погоди за Беса.

Силекс, сепак, победи на Чаир со 1-2 и се уште е во трката. Клемен Ансах обезбеди предност за Шкупи во првиот дел, но Марко Ѓорѓиевски и Ади Алиќ во второто полувреме се погрижија за пресврт на Чаир.
Актуелниот првак Струга Трим Лум во дерби-дуел крај езерото ремизираше со Гостивар 1-1. Каланоски донесе водство за Гостивар во 51.минута, Ланре Кехинде израмни во 86.минута од дуелот.
Работнички на Националната арена го пречека Пелистер и со пресврт победи со 2-1, со головите на Марселин Гандо Биала. Пелистер водеше по првото полувреме со голот на Мирко Ивановски.
Тиквеш во Кавадарци успеа да слави против Брера со 2-1 и направи голем чекор кон обезбедување опстанок. Кристијан Стојкоски и Арби Воша погодија за Тиквеш, а Брера намали во судиското продолжение.
ПРВА ЛИГА, 28.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 2-1
ВОСКА СПОРТ – ВАРДАР 1-1 (ПРЕКИН)
СТРУГА ТЛ – ГОСТИВАР 1-1
БЕСА – ШКЕНДИЈА 2-3
ШКУПИ – СИЛЕКС 1-2
ТИКВЕШ – БРЕРА 2-1

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
