
Спортинг Лисабон официјално потврди дека Манчестер Јунајтед изразил намера да ја плати ослободителната клаузула во договорот на стручњакот, која изнесува 10 милиони евра. Во оваа ситуација, одлуката останува во рацете на самиот Аморим, но според повеќето извори, таа веќе е донесена, бидејќи 39-годишниот Португалец ги договорил сите услови со 20-кратниот шампион на Англија.
Преговорите започнале веднаш откако вчера Јунајтед објави дека Ерик тен Хаг е отпуштен. Потоа, сè се одвиваше со голема брзина, а сега стигнува и официјалната потврда од Спортинг.
Според информациите од Англија, раководството на „црвените ѓаволи“ ќе направи сè што е можно Аморим да го води тимот уште во неделното дерби со Челси. Тоа значи дека Руд ван Нистелрој, кој вчера беше објавен за привремен менаџер, најверојатно ќе го води тимот само на утрешниот натпревар од осминафиналето на Карабао Купот против Лестер.
„Манчестер Јунајтед го изрази својот интерес да го назначи тренерот Рубен Аморим. Одборот на директори на Спортинг се повика на условите утврдени во договорот меѓу тренерот и клубот, и конкретно на клаузулата за прекинување на договорот од 10 милиони евра. Манчестер Јунајтед изрази намера да ја плати сумата согласно горенаведената клаузула“, гласи официјалното соопштение од Спортинг Лисабон.
Последните детали ќе бидат утврдени по натпреварот на Спортинг со Национал во Лига купот на Португалија вечерва. Ова ќе биде и последниот натпревар во кој Аморим ќе ги води „лавовите“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички поразен од Партизани Тирана

Евро-фудбал
Лајпциг го претстави Оле Вернер за нов тренер

Евро-фудбал
Милош Керкез е најновото засилување на Ливерпул

Интернационалци
Југослав Тренчовски го презеде кормилото на словенечки Радомље

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж
