Connect with us

Спинацола успешно опериран: Ви благодарам за поддршката, се чувствувам добро

Италијанскиот репрезентативец Леонардо Спинацола, кој се здоби со сериозна повреда на Европското првенство, денеска е успешно опериран во Финска. Тој ја повреди Ахиловата тетива и мораше за замине на операција во Турку.

„Операцијата на Леонардо Спинацола беше изведена во Турку од докторот специјалистот Ласе Лампанаинен и клупскиот доктор на Рома, Масимо Манара. Фудбалерот е во добра здравствена состојба и сега го чека период на рехабилитација“, соопштија од Рома.

Леонардо Спинацола по успешната операција се заблагодари за поддршката на сите навивачи, пријатели и секако на соиграчите.

„Ви благодарам за огромната поддршка. Ми испративте огромен број пораки, сакам да ви порачам дека се чувствувам добро. Одбројувањето започнува сега и ќе се видиме наскоро“, објави Спинацола на Инстаграм.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови