
Барселона успеа да постигне договор со Лионел Меси за нов петгодишен договор кој влезе во рамката на финансискиот фер-плеј, но аргентинската ѕвезда мораше да се сложи на намалување на платата за 50%. Сепак, и тоа не е доволно за да се нормализира финансиската состојба на „Камп Ноу“. Барселона сака да се ослободи од огромната плата на Антоан Гризман и предложи спектакуларна размена во која тој би се вратил назад во Атлетико Мадрид.
Диего Симеоне со раширени раце би го дочекал својот миленик, Антоан Гризман беше еден од неговите големи адути пред да замине во Барселона. Французинот е согласен на ваква зделка, со оглед дека немаше најдобри настапи во дресот на Барса, а би можел повторно да блесне во полн сјај на „Ванда Метрополитано“.
Саул Нигез е фудбалерот кој би се преселил во Барселона. И тој е согласен на трансфер, самиот побара да замине од Мадрид затоа што е презаситен од средината и сака нов предизвик. Останува уште двата клуба да ги договорат сите детали. Атлетико Мадрид веројатно ќе треба да доплати одредена сума за да го добие назад Гризман.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Шешко не сака да оди во Саудиска Арабија

Евро-фудбал
Атлетико Мадрид се фокусира на Адемола Лукман

Прва лига
Матиќ: Вардар секогаш игра на победа
