Диего Марадона имаше успешна операција и неговиот живот е спасен. Легендарниот фудбалер е во стабилна состојба по хируршкиот зафат кој траел речиси два часа. Отстранет е хематомот од мозокот, Марадона се чувствува добро и е во контактибилна состојба.
„Операцијата мина во најдобар ред. Хематомот од мозокот е успешно отстранет. Марадона е разбуден и тоа е голем чекор напред во процесот на рехабилитацијата. Во наредните неколку дена ќе остане секако под лекарски надзор, а потоа доколку се биде в ред ќе замине на домашна нега“, изјави неврохирургот Луке кој ја изврши операцијата.
Ќерката Далма се заблагодари за поддршката што ја добија Марадона и семејството во овие тешки мигови.
„Сакам да се заблагодарам на сите за големата поддршка и љубовта која му ја давате на мојот татко. Ви благодарам на сите кои се молите за него“, истакна Далма.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













