
Европскиот првак Италија буквално во последните мигови, со голот на Закањи во 98.минута, успеа да стигне до реми (1-1) против Хрватска и се избори за второто место во групата и пласман во осминафиналето. На врвот на групата е Шпанија со три победи и максимални девет бода, а на Хрватите им остана само мала теорија по огромниот шок во Лајпциг.
Селекторот на Италија, Лучијано Спалети, го изрази задоволството од пласманот во нокаут фазата каде „аѕурите“ за ривал ќе ја имаат Швајцарија.
„Ова навистина беше група на смртта. Шпанија е многу добра, а и Хрватска исто така. Секако, во некои моменти од овој натпревар не бевме на ниво, но тоа е и поради притисокот во вакви ситуации,“ рече италијанскиот селектор.
„Хрватска има напаѓачи кои знаат да играат меѓу линиите. Очекував Перишиќ како крилен напаѓач да игра од почетокот. Знаевме дека нерешен резултат ни одговара и поради тоа не бевме храбри од почетокот“, рече Спалети.
Потоа одговараше на прашања за грешките во додавањето на топката, особено во средниот ред.
„Јас сум тренер веќе 26 години. Знам да проценам дали тимот има квалитет, ги гледаме тие работи во подготовките, работиме на тоа…“, се обраќаше Спалети понекогаш дури и со малку арогантен тон.
„Имавме неверојатно психолошки тежок натпревар“, нагласи Спалети.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
