
Новиот селектор на фудбалската репрезентација Лучијано Спалети го направи изборот на играчи за претстојните натпревари од евроквалфикацискиот циклус во кој е и гостувањето во Скопје за дуелот со Македонија. Тој се реши за неколку повратници и еден дебитант.
„Благодарам на федерацијата што ме назначи. Кога бев дете, ја замолив мајка ми да сошие џиновско знаме на Италија за да ја прославиме иконската победа од 4-3 против Германија на Светското првенство во Мексико. Се надевам дека ќе им го донесам истото знаме и истиот ентузијазам на децата на денешницата., вели Спалети.
Тој потенцира дека избраните за националниот тим треба да бидат среќни.
Имам добар тим кој ми го остави Манчини во аманет. Го освои Европското првенство, помина 37 натпревари без пораз и им даде шанса на многу млади играчи, што е исто така важно“. Сигурно ќе играме со четворица во одбраната. Сега повеќето наши централни дефанзивци играат во тројки во своите клупски тимови. Некои од оние што ги повикав играат со четворица, но сигурен сум дека некои принципи се слични. Сакаме да притиснеме високо. Во фудбалот има две работи: пресинг и градење. Имаме играчи со различни карактеристики. Можеби нема да бидам најдобриот селектор на репрезентацијата, но ви ветувам дека ќе бидам најдобрата верзија на Спалети.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
