
Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, практично ги потврди гласините во последните денови за неговото заминување од клубот. Иако ги предводеше „наполитанците“ до „скудетото“, тренерот по сѐ изгледа ќе го напушти стадионот „Диего Армандо Марадона“ на крајот од сезоната.
Тој по мечот со Интер (3-1) не даде јасен и дефинитивен одговор на новинарските прашања на оваа тема, но неговите зборови го навестуваат токму тоа.
„Мојата иднина? Ова прашање е одамна решено, не се предомислувате секој ден. Оваа ситуација се подготвува веќе некое време. Кога работите од утро до вечер, одредени мисли се вгнездуваат во вашиот ум бидејќи вие сакате постојано да правите шоу. Ако не си убеден дека можеш да дадеш сѐ што заслужуваат овие луѓе, мора да донесеш одлука. Размислуваш добро и доаѓаш до одлука, и тогаш ја следиш. Тоа не е нешто што само од никаде падна од ведро небо“, изјави Спалети, со малку тајновит речник.
Спалети во последните две години практично живееше во базата на Наполи, каде го минуваше целиот ден. Никогаш не купл куќа во Неапол и постојано патуваше во Тоскана за да биде со сопругата и со децата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ал-Наср со 85 милиони евра по Габриел Мартинели

Евро-фудбал
ПСЖ намириса „одмазда“ и тргнува по Родриго

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина
