Connect with us

Спалети ќе биде нов селектор на Италија

Лучијано Спалети постигна договор со Фудбалската федерација на Италија да го наследи Роберто Манчини на селекторското место на „аѕурите“. Според „Газета дело Спорт“, Спалети ќе потпише тригодишен договор до септември 2026 година.


По освојувањето на титулата во Серија А со Наполи во мај, 64-годишниот Спалети ја напушти функцијата во клубот. Сега ја презема репрезентацијата која и покрај европската титула во 2021 година не успеа да се пласира на Светското првенство во Катар во 2022 година, а главен „виновник“ беше Македонија.

Спалети по неколку телефонски разговори му дал согласност на претседателот на ФИГЦ, Габриеле Гравина, со кого денеска ќе се сретне да го финализира договорот.

По назначувањето, кое би можело да биде официјализирано во сабота, Спалети треба да ја одржи првата прес-конференција како селектор во понеделник.

Првиот предизвик на Спалети ќе биде дуелот против Македонија во Скопје на 9 септември и против Украина во Милано три дена подоцна.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови