
Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети е среќен по најновиот успехот (4:2) против Ајакс и пласманот на неговиот тим во осминафиналето во Лигата на шампионите. Тој ги пофали своите играчи и рече дека имал среќа да работи со нив.
„Во вакви ноќи едноставно може да се понесете од атмосферата. Во еден момент имав вртоглавица и мислев дека ќе почнам да гледам ѕвезди. Нашиот напредок зависи од играчите и среќен сум што работам со ваков тим. Целиот град се гордее со нив. Навивачите ни ја даваат потребната мотивација“, изјави Спалети.
Тренерот имаше интересно објаснување за спектакуларните победи што неговиот тим ги постигна од стартот на сезоната.
„Системите веќе не постојат во фудбалот. Се работи за просторот што го оставате за противникот и како успевате да ги искористите за да го зададете вашиот удар. Мора да бидете брзи и да имате храброст дури и кога сте под притисок. Ние тоа го правиме одлично оваа сезона“, истакна стратегот на Наполи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола
