Лучијано Спалети е новиот тренер на Наполи, го наследи на клупата Џенаро Гатузо, а македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се надева дека кај него ќе добие многу повеќе простор за да се наметне во составот. Според првичните импресии на Спалети, ова дефинитивно е подобра солуција за Елмас.
„Елмас е вистински феномен. Не може секој да ги разбере неговите карактеристики. Тој може да игра на повеќе позиции во тимот, на крилните позиции, во нападот, но мислам дека неговото вистинско место е фудбалер за врска. Тој секогаш знае што да прави со топката и одлично ја контролира топката“, изјави Спалети за италијанските медиуми.

Тренерот на Наполи потенцира и дека Елмас е вреден и секогаш подготвен да учи.
„Забелешките од тренинзите секогаш ги памети и ги носи дома. Потоа ги анализира и се труди да ги подобри. Од него очекувам многу, тој ќе биде важен играч на Наполи“, дополни Спалети.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













