Connect with us

Спалети е прв фаворит за наследник на Манчини

Роберто Манчини изненадувачки поднесе неотповиклива оставка на селекторската позиција во фудбалската репрезентација на Италија. Неполн месец пред гостувањето во Скопје и дуелот со Македонија во квалификациите за ЕВРО 2024, “аѕурите” се во потрага по нов селектор.

Италијанските медиуми тврдат дека Лучијано Спалети, тренерот кој го водеше Наполи до титулата минатата сезона и потоа замина од кормилото, е прв фаворит за селекторската позиција.

Тука е Антонио Конте, кој има искуство, веќе беше селектор на Италија, а сега повторно е слободен и би можел да се нафати веднаш на новиот предизвик.

Челниците на италијанскиот фудбал од утре ќе тргнат во брза постапка за именување нов селектор.

Италија треба да гостува во Скопје на 9. септември.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови