Италијанскиот калчолигаш Наполи го назначи Лучијано Спалети за нов тренер по заминувањето на Џенаро Гатузо. Тој ќе биде нов тренер на Елиф Елмас во следната сезона.
„Наполитанците“ за малку не успеаја да се пласираат во квалификациите за Лигата на шампионите и ќе играат во групите од Лигата на Европа. 62-годишниот Спалети пристигнува на стадионот „Диего Армандо Марадона“ откако работеше во Интер и Рома по враќањето од петгодишниот престој во Русија со Зенит.
„Воодушевен сум што објавувам дека Лучијано Спалети ќе стане тренер на Наполи на 1 јули“, напиша сопственикот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис. „Добредојде, Лучијано – ќе завршиме одлична работа заедно“.
✍️ | Welcome to our new coach, Luciano Spalletti!
— Official SSC Napoli (@en_sscnapoli) May 29, 2021
💙 #ForzaNapoliSempre pic.twitter.com/ScvAgtUSg6
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal