Connect with us

Спалети без Имобиле и Верати ќе оди на ЕВРО 2024

Селекторот на Италија, Лучијано Спалети објави продолжен список од 30 играчи на кои очекува да се потпре за завршницата на Европското првенство. Четворица играчи треба да отпаднат до 6 јуни, кога ќе биде јасен и конечниот состав.


Една од големите вести е дека во групата е играчот од средниот ред на Јувентус, Николо Фаџоли. Во октомври тој доби седум месеци суспензија поради обложување, а казната штотуку му истече. Сепак, надвор од составот останува неговиот соиграч Мануел Локатели.

Дефанзивецот на Болоња, Рикардо Калафиори, го доби првиот повик. Фаџоли, Раул Беланова и Михаел Фолоруншо само по вторпат се во селекцијата на Спалети. Во составот се вратија Самуел Ричи и Иван Проведел. Искусниот Чиро Имобиле нема да игра на ЕП бидејќи не наоѓа место на списокот, исто како и Марко Верати.

Голмани: Донарума, Викарио, Мерет, Проведел.

Дефанзивци: Ачерби, Бастони, Дармијан, Скалвини, Бонџорно, Манчини, Калафиори, Ди Лоренцо, Беланова, Димарко, Камбијасо

Среден ред: Барела, Фратези, Кристанте, Пелегрини, Фаџоли, Жоргињо, Ричи, Фолорунсо.

Напаѓачи: Киеза, Распадори, Ретеги, Скамака, Орсолини, Закањи, Ел Шарави.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови