Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, е категоричен дека неговиот тим нема да дозволи да го потцени Ајнтрахт Франкфурт во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Стратегот дури е на мислење дека противникот има поголемо искуство во елиминациската фаза на европските натпреварувања.
„Совршено ги познавам моите играчи и знам дека ќе излезат со правилен став. Ајнтрахт има поголемо искуство во нокаут натпреварите, но ние се обидуваме да се подобриме во тој поглед. Виктор Осимен сега е многу позрел и мечот против Сасуоло е одличен пример за тоа. Тој и Кварацкелија со својата фантазија и класа испраќаат порака до светскиот фудбал. Во исто време и двајцата се млади. Убеден сум дека утре сите правилно ќе му пристапат на натпреварот“, изјави Спалети.
Наполи ја освои својата група во Лигата на шампионите, во која беше во друштво со минатогодишниот финалист Ливерпул. Во Серија А, тимот има 15 бода предност на врвот на табелата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













