Connect with us

Солскјер се „запали“ за Дани Олмо

Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо го привлекува вниманието на европски великани со своите игри во Лајпциг, а најново е дека и Оле Гунар Солскјер сака да го доведе на „Олд Трафорд“.


Откако Барселона, Јувентус и Баерн Минхен покажаа интерес за поранешниот играч на Динамо, сега во трката за него се вклучи и Манчестер Јунајтед, објавија британските медиуми.

Барселона преговараше за доаѓањето на Олмо на крајот од летниот преоден рок, но Лајпциг на крајот се откажа од трансферот бидејќи немаше доволно време да донесе соодветна замена за шпанскиот репрезентативец.

Олмо прејде од Динамо во Лајпциг во јануари 2020 година во трансфер вреден 22 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови