Новиот тренер на Бешикташ, Оле Гунар Солскјер, му порачал на раководството на клубот да го доведе во Истанбул бразилскиот интернационалец Кашемиро од Манчестер Јунајтед. Тој е на излезна врата од „Олд Трафорд“, но се претпоставува дека ќе замине во Саудиска Арабија, каде за него се заинтересирани Ал-Итихад и Ал-Наср.
Сепак, сега и Бешикташ би можел сериозно да се вклучи во трката за одличниот играч од средниот ред.
Кашемиро освои сѐ што можеше да се освои со Реал Мадрид, а потоа за 80 милиони евра се пресели во Манчестер Јунајтед. Сепак, таму не успеа да се снајде најдобро и не прикажуваше исти игри како во „кралскиот клуб“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













