
Манчестер Јунајтед доживеа елиминација во групната фаза од Лигата на шампионите. „Црвените ѓаволи“ ќе мораат европскиот пат да го продолжат во Лига Европа. Стратегот Оле Гунар Солскјер реално вели дека неговиот тим не заслужил да игра во нокаут фазата од ЛШ.
„Не одигравме како што посакувавме и не заслуживме да ја поминеме групата. Поразот во Истанбул имаше многу негативен ефект на конечниот пласман. Невозможно е како загубивме таму, со Лајпциг бевме блиску до реми, но на крајот доживеавме елиминација. Жал ми е што ги разочаравме фановите, самите сме виновни, загубивме два последовни меча“, изјави норвешкиот стратег по поразот од Лајпциг.
Манчестер Јунајтед го заврши групниот сегмент од Лигата на шампионите на третата позиција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Јирген Клоп на преговори со Реал Мадрид
