Манчестер Јунајтед загуби од Лестер (4-2) на „Кинг Пауер“, а тоа не му се допадна на Кристијано Роналдо. Тој веднаш се упати кон соблекувалната незадоволен од резултатот. Но, Солскјер го стигна и го врати на теренот за да ги поздрави навивачите.
Португалецот се врати на средината на теренот, ги поздрави гостинските навивачи против негова волја, а потоа со наведната глава повторно се повлече. Ова дефинитивно отсликува дека меѓу „црвените ѓаволи“ атмосферата не е на највисоко ниво.
Менаџерот Оле Гунар Солскјер тешко наоѓа објаснување за лошата серија, а дури и по паузата ништо не се промени.
„Тие не се ни блиску до борба за титулата, играат лошо цела сезона, штом се сретнат со посилен тим, сите проблеми се гледаат“, анализира Гери Невил.
Поранешниот капитен додава дека Солскјер греши кога започнува со премногу креативни играчи бидејќи одбраната е порозна.
„Гринвуд, Санчо, Роналдо, Погба, Фернандеш, не би сакал да бидам дефанзивен играч во тој тим“, истакна Невил.
Позицијата на Оле Гунар Солскјер и не е веќе така сигурна…
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













