Оле Гунар Солскјер би можел да се врати во Премиер – лигата. Тој е еден од кандидатите за нов менаџер на Џулверхемптон. Норвешкиот тренер беше отпуштен од клупата на Манчестер Јунајтед во ноември 2021 година по серијата лоши резултати и оттогаш е без работа.
Како што пренесуваат англиските медиуми, поранешниот тренер на „црвените ѓаволи“ е на листата на желби на Вулверхемптон, тимот што се раздели со Португалецот Бруно Лаге (46), кој минатото лето седна на клупата.
Оле Гунар Солскјер е првото име на кое челниците на премиерлигашот размислуваат да го замени Бруно Лаге, но не е и единствениот кандидат.
За работата во Вулверхемптон, Норвежанецот е во трка со Педро Мартинс, поранешниот тренер на Олимпијакос и Карлос Карвахал, поранешниот тренер на Свонси.
Додека тимот не најде нов стратег, тандемот Стив Дејвис и Џејмс Колинс привремено ќе го предводи Вулверхемптон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













