Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед по подолг период би можел да се искачи на врвот на табелата во Премиер – лигата, но покрај тековните работи Оле Гунар Солскјер размислува и за засилувања кои би можеле да пристигнат на „Олд Трафорд“ по завршувањето на сезоната.
Норвешкиот стратег очајно бара партнер за Хари Мегваер на стоперските позиции и се чини дека го пронајде во Севилја. Негов избор е Жул Кунде, одличниот 22 – годишен дефанзивец на шпанскиот прволигаш. Но, за него треба да се плати огромна отштета.
Клаузулата во неговиот договор изнесува 80 милиони евра, а Манчестер Јунајтед би ја платил за да го доведе Жул Кунде во летниот преоден рок. Тогаш Манчестер Јунајтед би ги имал двајцата најскапи дефанзивци на стоперските места.
Сепак, за Жул Кунде постои интерес и од Реал Мадрид, Пари Сен Жермен и од Манчестер Сити.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













