Манчестер Јунајтед испушти важна победа против Евертон (3-3) на „Олд Трафорд“ во трката за шампионската титула во Премиер – лигата. Доминик Калверт – Луин ја скрати радоста на „ѓаволите“ со гол за израмнување во 96.минута од мечот.
Менаџерот Оле Гунар Солскјер вели дека неговиот тим прави недозволиви грешки кога има водство на натпреварот.
„Заслуживме да победиме, но ова е фудбал. Тимот мора да знае дека мора да остане цврст до крајот и да не попушта во одбраната после секој постигнат гол. Кога имаме водство, не знаеме како да се однесуваме на теренот. Мора да работиме напорно и уште многу да напредуваме. Постигнуваме голови, создаваме шанси, но и лесно му дозволуваме на противникот да не казни“, изјави Оле Гунар Солскјер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













