МАКФУДБАЛ на ЕВРО во Букурешт,
Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентција на Македонија го загуби и вториот натпревар на Европското првенство. Подобра беше селекцијата на Украина која славеше со 2-1 на Националната арена во Букурешт.
Македонските фудбалери одиграа очајно прво полувреме. Селекторот Игор Ангеловски го внесе во средниот ред Спировски, но и понатаму го остави Стефан Ристовски на стоперска позиција. Тоа е класична импровизација која ја „осакатува“ десната страна.
Украина беше тркачки надмоќна, создаде голем број шанси, а Столе Димитриевски беше вистински глобтротер на нашиот гол, спаси неколку зицери. И покрај тоа, Украинците стигнаа до предност од два гола во првиот дел.
Јармоленко ја најави офанзивата, но за среќа не беше прецизен, а потоа се закани и Јаремчук. И двајцата се поправија и стрелаа прецизно подоцна. Јармоленко ја доведе Украина во водство во 29.минута. По корнерот на Малиновски од левата страна, Караваев ја уфрли топката на петерецот, а Јармоленко одлично се снајде и погоди на вистинското место.
Само пет минути подоцна, Роман Јаремчук доби одлична топка, излезе сам пред Столе Димитриевски и успеа да го совлада за 2-0.
Горан Пандев постигна гол до крајот на првиот дел, но не беше признат поради офсајд позиција.
На полувремето селекторот Игор Ангеловски уфрли двајца офанзивци, Александар Трајковски и Дарко Чурлинов и Македонија заигра многу подобро. Аријан Адеми имаше шанса за гол, шутираше од десетина метри, но Бушан одбрани.
Во 57.минута, Трајковски ја погоди гредата, одбиената топка се врати до Пандев, а Караваев направи пенал над него.
Најстрогата казна ја изведе Езгјан Алиоски, голманот Бушан одбрани, но Џани од втор обид погоди на вистинското место.
Потоа нова шанса имаше Трајковски со шут од далечина, а Бушан едвај исфрли во корнер.
Во 83.минута, судијата Рапалини досуди пенал за Украина по прегледување на ВАР – снимката. Топката го удри Даниел Аврамовски во телото, а Рапалини процени дека играл со рака во шеснаесетникот.
Руслан Малиновски шутираше силно, но Столе Димитриевски фантастично одбрани. До крајот, Украинците сепак ја задржаа предноста. Имаа и многу среќа во последните мигови по шутот на Трајковски кој заврши за малку крај дирекот.
УКРАИНА – МАКЕДОНИЈА 2-1 (2-0)
Национална арена во Букурешт. Гледачи: 14.000. Судија: Фернандо Рапалини (Аргентина). Стрелци: Јармоленко 29′, Јаремчук 34′ (Украина), Алиоски 57′ (Македонија). Ж. картони: Шапаренко (Украина), Велковски 59′ (Македонија).
УКРАИНА: Бушан, Караваев, Забарњи, Матвиенко, Миколенко, Степаненко, Шапаренко (78′ Сидорчук), Зинченко, Малиновски (90′ Собол), Јармоленко (70′ Циганков), Јаремчук (70′ Бесједин).
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, С. Ристовски, Велковски (85′ Тричковски), Муслиу, Алиоски, Николов (46′ Трајковски), Спировски (46′ Чурлинов), Барди (77′ Аврамовски), Адеми (85′ Ристевски), Елмас, Пандев.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski