
Сагата за заминувањето на Килијан Мбапе од Пари Сен Жермен и трансферот во шпанскиот гигант Реал Мадрид трае со месеци. Како што пренесуваат светските медиуми, тој повторно силно сака да го напушти Пари Сен Жермен веќе во јануарскиот преоден рок.
Наводно, Мбапе е незадоволен од начинот на кој тренерот Кристоф Галтие го користи и се чувствува изневерен од ветувањата кои ги добил пред да го потпише договорот и да го одбие Реал.
Сега излезе симптоматичен детал, шпански „COPE“ објави дека Мбапе утре ќе биде во Мадрид за да присуствува на настан.
Станува збор за „Корида де ла Хиспанидад“, а францускиот фудбалер би требало да пристигне во Мадрид набргу по натпреварот меѓу Пари Сен Жермен и Бенфика во Париз.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
